еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Може ли до октомври и Грција да стане проблем за старт на преговори со ЕУ?

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) на прашањето за старт на преговорите со Македонија ќе се навратат најдоцна до октомври.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по министерскиот состанок за општи работи на ЕУ во Луксембург без да открива детали, изјави дека малцинство на земји членки не се согласиле Македонија сега да добие датум за старт на преговорите, а тоа што е сигурно е дека една од тие земји освен Германија е и Франција.

За сега не е познато дали во таа мала група на земји кои се противат има и други, а се знае дека најголема подршка земјата добила од источно европските земји.

Официјално, главна причина за не одредувањето на датум е „ограниченото време“ со кое располага германскиот Парламент, кој има обврска да ги одобрува одлуките поврзани за проширувањето, а неофицијално приказната е сосема друга, односно станува збор за недостиг на политичка волја.

Закани од Кипар

Во сенка, барем во македонските медиуми, поминаа заканите на состанокот на министрите од страна на Кипар (зад кој секогаш стои и Грција) дека ќе стави вето на секој договор за проширување, доколку ЕУ не го заостри својот став поради тоа што Турција наводно истражува природен гас во источниот Медитеран, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона.

Проблемот кој е топ тема во грчките и кипарските медиуми, доправа треба да ескалира, бидејќи Турција не се откажува од своите намери и покрај притисокот од САД и ЕУ, па неделава на спорната локација ќе испрати уште еден брод.

Може ли и Грција пак да стане проблем?

На 7. јули во Грција се одржуваат вонредни парламентарни избори, на кои се очекува, барем како што стојат моментално работите, победа на опозициската Нова демократија, која според некои анкети ќе може дури и сама да состави влада.

Лидерот на партијата Киријакос Мицотакис отворено изминатиов период во неколку наврати најави дека ќе стави вето на патот на Македонија во ЕУ, секогаш кога ќе може.

Иако спорот за името е решен со Договорот од Преспа, и Грција на пр. може да се „фати“ на пример за реформите како и Франција.

Одлуките во ЕУ се носат едногласно, а изминативе години видовме какви се проблеми ни донесе само блокирањето од Грција.

Изненадување или не, во периодот пред донесувањето на одлука за датум, поради Гоце Делчев се „заладија“ и односите со друга членка на ЕУ, Бугарија.

Што се ќе се случи до октомври останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија биле против датум за преговори со Македонија, тврди Милошоски

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

„И Годо дојде и таа ми се смири, ние датум не добивме…“: Твитер реакции

Хан: За жал малцинство земји-членки не прифатија отворање на преговори со Северна Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Третата доза вакцина против Ковид-19 станува реалност

Редакција

Апелација му ја укина пресудата на Мијалков и за масовното прислушување

Редакција

(Фото) Османи објави фотографија со синот Лав

Редакција