еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Може ли корона вирусот да ги „инфицира“ изборите?

Доза паника, но и сеир може да се почувствува кај македонските граѓани за опасноста од корона вирусот, кој извесно е дека има големи шанси да се појави и во земјава посебно по неговото ширење во Италија.

Имено, станува збор за земја во која живеат илјадници македонски државјани и која е честа туристичка дестинација за нашите граѓани.

За тоа очигледно се свесни и надлежните кои вчера најавија дека се подига алармот кај државните институции во однос на контролата на патниците кои доаѓаат од ризични подрачја, повторно ги потенцираа превентивните мерки за заштита и препорачаа беспотребно да не се патува.

Прашање е колку нашата држава е подготвена да се справи со ширење на вирус од ваков тип посебно ако се земе предвид дека тоа тешко им оди и на држави како Кина, Јапонија, Италија… кои се многу помоќни од нашата земја, кога станува збор за финансиите и капацитетите на здравствениот систем.

Имено, „еМагазин“ веќе објави дека во аптеките кај нас е тешко да се најдат маски за еднократна употреба, како и дека на аеродромот досега биле пропуштани патници од Италија и други земји.

Со оглед на тоа што е навистина тешко да се открие присутност на вирусот, бидејќи него го пренесуваат и лица кои не покажуваат симптоми, станува јасно дека шансите да спречиме негово ширење во нашата земја не се многу големи.

Паниката не помага многу во справувањето со оваа модерна болест, но реалност е дека опасноста е присутна.

Доколку не дај Боже дојде до појава на корона вирусот во земјава, тоа лесно може да предизвика сериозен застој на економски, но и на политички план.

Имено, тоа се покажа и со случајот во Италија каде беа откажани низа настани како фудбалски натпревари и Венецијанскиот карневал, а веќе имаше предупредување од домашните стопанственици од чевларската индустрија дека појавата на вирусот во оваа земја може да ја загрози нивната работа.

Со оглед на тоа што во Македонија веќе наголемо е започнат процесот на одржување на предвремените парламентарни избори останува да се надеваме дека корона вирусот ќе не одмине. Во спротивно тешко дека политичките партии ќе ги убедат граѓаните со маски да излезат на митинзи и на изборите и да ризикуваат да бидат заразени при гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска четврти обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Министерството за одбрана вработува 12 лица, плата до 31.182 денари

Редакција

Државениот инспекторат за труд вработува десет лица, плата до 26.253 денари

Редакција