еМагазин
Image default
Македонија

Можни поплави: ДЗС ја зголеми мобилноста поради најавата за обилни врнежи

Согласно информација од УХМР за можноста од серија обилни врнежи дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа вонреден работен состанок и го активира Оперативното тело за справување, при што будно ја следи состојбата со зголемена мобилност и подготвеност на постојаниот состав на силите за заштита и спасување.

Според ДЗС, доколку врнежите паднат за краток период на помали сливни површини, можна е појава на локални излевања.

-Апелираме на внимателно движење покрај водотеците и суводолниците, во крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде постои можност од локални излевања и можна појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга.

Покрај овие региони, за особена внимателност од можна појава на локални излевања ги посочуваме сливовите околу планината Кожув и Гевгелиско-Валандовскиот крај, наведува Дирекцијата.

Сите активности на следење и известување за моменталната хидролошка состојба се вршат согласно Националниот план за заштита од поплави.

Силите за заштита и спасување од поплави се во оперативна состојба за нивно можно ангажирање, а во функција се и сите материјално-технички средства и опрема со кои располага ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување ги извести и предупреди своите подрачни одделенија и единиците на локалната самоуправа за потребата од преземање мерки и активности во својот делокруг.

ДЗС е во постојан контакт и со другите надлежни субјекти заради координирано делување и справување со можните појави на поплави за што навремено ќе ги известува медиумите и населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни штети: МЗШВ ги предупредува земјоделците за обилни врнежи од 12 до 17 мај

Влажниот бран пристигнува: Деновиве врнежи од преку 70 литри на метар квадратен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болниците се хоспитализирани 348 возрасни и шест деца болни од корона вирусот

Редакција

Кривични за доктори од Битола, извршено породување со царски рез од невработен гинеколог

Редакција

Поради гушење и болки во градите, бизнисменот Камчев од Шутка префрлен на Кардиологија

Редакција