еМагазин
Бизнис

Можни рестрикции, потрошувачката на струја е поголема од производството, вели за Телма, директорот на МЕПСО

Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, во интервју за Телма, вели дека потрошувачката е поголема од производството на електрична енергија, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата.

“Минатите денови имаме забележано дека производството плус увозот не е во баланс со потрошувачката. Тоа значи просто дека ние имаме недостаток на електрична енергија.

Според нашите првични извештаи, оти ние производството го следиме онлајн, значи 24 часа, кога ги споредуваме колку е производството, увозот и потрошувачката, можеме да заклучиме дека најголемите отстапувања се случуваат токму поради ЕСМ. Значи имаме намалено производство на електричната енергија“, вели Рамадани, кој не исклучува ни рестрикции.

“Ризикот е голем и затоа пак велам дека треба да видиме ние кои реални капацитети ги имаме за производство. Таа количина на енергија што ни фали да ја набавиме и тука е клучот, тука е решението.

Нема друга алтернатива или рестрикции, ама рестрикците во 21-иот век, во 2021-ва година никој не би ги посакувал, така да предлогот е тие количини што ни фалат, да ги набавиме на слободен пазар и тоа е тоа“, вели тој и потврдува дека МЕПСО за еден месец ќе плати 15 милиони евра поради недозволеното преземање од европската мрежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Современ дом“ ја зголеми добивката за 28% и покрај потешкотиите од кризата од Ковид-19

Редакција

Пад на добивката на Централна кооперативна банка

Редакција

Сувомеснатите производи ќе поскапат, ако не се зголеми увозот на замрзнато месо

Редакција