еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Можно ли е „добрата вила“ Али Ахмети да ги извиси СДСМ на претседателските избори?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети викендов се јави како добра вила да ги смирува страстите и да ги испегла несогласувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и меѓу ИВЗ и Владата по преписките околу имотот на оваа религиозна заедница.

Станува збор за „прав човек“ за оваа улога ако се земе предвид дека до вчера неговата партија една деценија владеше со ВМРО-ДПМНЕ, а сега веќе неколку години ја води власта заедно со СДСМ.

Кога е во прашање СЈО, сега е интересно да се види дали обвинителите ќе ги продолжат отворените истраги против Ахмети и другите членови на ДУИ или пак тие ќе замрат.

Уште поинтересно е дали Али Ахмети ќе ги повика членовите да гласаат за Стево Пендаровски и какви се неговите услови за поддршка на кандидатот на СДСМ за претседателските избори.

Се чини дека на Ахмети и ДУИ им е сеедно која од условно кажано двете најголеми македонски партии е на власт се додека прави коалиција со нив, така што не треба да зачуди ако Албанците, членови на ДУИ излезат на гласање и при тоа го дадат гласот за Блерим Река, кој веќе има поддршка од Алијансата на Албанците и од Беса.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР на Република Македонија ќе стане МНР на Република Северна Македонија за најмногу две недели

Редакција

1 лице од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Редакција