еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Можно ли е одложување на изборите поради оспорувањето на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи?

Армискиот полковник Драган Ковачки, кој е кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, ги искомплицира работите околу формирањето на техничката влада, која треба да биде изгласена во Собранието до 3. јануари, за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на 12. април.

Во спротивно, изборите кои се уште не се распишани, ќе треба да бидат одложени.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети нема проблем тој да биде техничкиот министер, но според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и неговата партија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа од таму бараат партијата да предложи друг кандидат.

„После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи.

Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак остануваат на ставот дека Ковачки треба да биде техничкиот министер.

“Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во Министерството за внатреши работи“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така се уште официјално го немаат објавено и кандидатот за технички министер за труд и социјална политика, но и дополнителните или заменици министри во Министерството за финансии, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичка општество и администрација.

Изборот на Ковачки за технички министер не би бил преседан, бидејќи и други функционери биле избрани со прекршување на овој член на Уставот, посочија деновиве експертите по уставно право.

Но, дали тоа ќе му помогне тој и да биде изгласан во Собрание и воопшто да биде предложен од кандидатот за технички премиер, Оливер Спасовски или ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат или пак ќе бидеме сведоци на некое трето сценарио, ќе биде познато деновиве.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи го „загреа“ Твитер

Ахмети го прифаќа предлогот на Мицкоски: Tехничкиoт министер за внатрешни работи бил професионалец и ново име во политиката

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи утре во Софија, со бугарскиот колега Милков ќе го посетат повредениот Пендиков

Редакција

Распродажба во УЈП: По багателни цени се продаваат комбиња, земјоделско земјиште, пасишта, тв предаватели…

Редакција

Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни

Редакција