еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно ли е повторно одложување на пописот: Што пишува во законот кој „дреме“ во Собранието?

Во 13 општини низ нашата држава почна пробното попишување иако власта и опозицијата се уште ги усогласуваат ставовите околу Законот за попис кој веќе влезе во собраниска процедура.

Последниот Попис на населението, домаќинствата и становите беше спроведен во 2002 година.

Во 2011 година пописот беше прекинат со одлука на Владата, а по преќутна согласност меѓу Али Ахмети и Никола Груевски, за што Специјалното јавно обвинителство отвори истрага.

Што пишува во законот?

Во предлог- законот за попис, кој е со европско знаменце, пишува дека Државниот завод за статистика, во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот по ред Попис на населението, становите и домаќинствата на територијата на државата.

„Државниот завод за статистика (ДЗС), како национален координатор на статистичкиот систем во земјaта, во целост е исправен пред обврската, во Република Северна Македонија, што поскоро да спроведе Попис на населението, домаќинствата и становите, со што би се надминала празнината настаната поради фактот што Пописот во 2011 година беше прекинат и не беше реализиран“, пишува во предлог-законот.

Во него се додава дека државите-членки на ООН се обврзани на спроведување на Попис на населението, становите и домаќинствата во согласност со донесените меѓународни препораки за пописите на населението и домувањето, подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и Евростат.

Поради својата сериозност и обемност, Пописот бара исклучително внимателно планирање, подготовка, тестирање, анализирање и документирање на секоја фаза.

„Затоа, според своето општо значење, Пописот се рангира како активност од висок државен интерес, а неговото спроведување секогаш се регулира со посебен Закон за Попис кој се усвојува од страна на Собранието на Република Северна Македонија. За спроведување на Попис потребна е сестрана и темелна анализа, информирање, создадени услови, но и адекватна поддршка и вклучување на институциите во државата од највисоко ниво“, пишува во законот.

Со цел да се обезбеди квалитетно спроведување на планираниот Попис, во изминатиот период, Државниот завод за статистика реализираше низа активности кои се во функција на подготовка за спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година.

Државниот завод за статистика, во фазата на подготовка за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година ги реализираше следниве активности:

1.Направено е идентификување на можните административни извори, како и оценка на можноста за нивно користење од аспект на достапност, содржина и квалитет.

2.Преведени се CES Препораките за спроведување на пописите околу 2020 година, во рамките на твининг-проект е реализирана стручно-техничка поддршка од експерти за оценка и анализа на можностите за примена и оценка на квалитетот на расположливите административни извори на податоци за пописни цели, а во рамките на ИПА МБП 2015 година, се планирани подготвителните активности за спроведување на Пробниот попис во 2019 година.

3.Позитивно е оценета постоечката законска регулатива, т.е. Законот за државната статистика (чл. 22 и 23) со кој се обезбедува солидна правна основа за користење на административни збирки на податоци од страна на ДЗС за статистички цели.

4.Се направи темелна процена на моменталната состојба во ДЗС во врска со планирањето и можната употреба на административните извори за производство на податоци од Пописот.

5.Се отпочна со практично оценување на квалитетот на податоците, преку пристап до веќе расположливите административни бази на податоци во ДЗС и споредување на податоците од различни извори.

Целиот предлог-закон ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување од УХМР: Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град

Редакција

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Редакција

Детален преглед: Заразени со коронавирусот во 23 градови

Редакција