еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

На седница во Собранието денеска пратениците треба да гласаат за или против владиниот предлог за промена на Уставот кои се предвидени со договорот од Преспа за промена на името на земјава во Северна Македонија.

Се погласни се граѓаните кои прашуваат дали Владата обезбедила дво-третинско мнозинство пратеници потребни за промена на Уставот и дали е можно преку тајно гласање да се избегнат негативнни реакции и омраза кон пратениците од опозицијата кои би гласале за промена на Уставот и покрај ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека договорот од Преспа е мртов.

Деловникот на Собранието предвидува можност за тајно гласање. Одлуката за тајно гласање се носи на предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат десет пратеници.

Сепак, останува впечатокот дека доколку се одлучи на оваа варијанта, Собранието ќе стави дамка на процесот на промена на Уставот и уште поважно на процесот на промена на името на државата, што секако ќе има негативни последици во однос на политичката состојба во земјава.

Секако и ако се случи вакво сценарио, можно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предвреме да ја напуштат седницата, па и со тајно гласање, повторно да биде познато кој всушност гласал „за“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судбоносен ден за Македонија: Чудо во пет за дванаесет или нова политичка голгота?

Уште колку пратеници фалат за да поминат уставните измени во Собрание

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 57 кандидати ќе се избира седумчлената Антикорупциската комисија

Редакција

(Галерија) Како изгледа ресторанот “Концепт“, кој доби награда “Фуд вижн“ на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“

Редакција

Катица Јанева побрала помилувања од Пендаровски, тој ја одбил

Редакција