еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за финансии на РМ и Македонска берза АД Скопје почнувајќи од 08.01.2019 година на Официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари или околу 881 милиони евра.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата која се движи од 0,9 до 5,3 отсто, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Структурата на обврзниците според рочноста е следна: 5 двогодишни обврзници, 7 тригодишни обврзници, 4 петгодишни обврзници, 39 десетгодишни обврзници, 74 петнаесетгодишни обврзници и 3 триесетгодишни обврзници.

Согласно потпишаниот Договор помеѓу Министерството и Берзата, во наредниот период ќе продолжи котацијата на сите идни емисии на државни обврзници за кои ќе биде поднесено барање од Министерството до Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Супер-его логика на МАНУ: Договорот е добар ама за нас да не важи

Редакција

Почина актерот Данчо Чевревски: Ни остави незаборавни улоги

Редакција

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Редакција