еМагазин
Image default
Локално

Можност за уживање: Ноќно скијање во битолскиот ски-центар „Нижо Поле“

ЈП „Стрежево“- Битола синоќа изврши последен тест на осветлувањето на скијачките патеки во ски центар „Нижо Поле“ и тие се подготвени за старт на вечерашното ноќно скијање.

Од ЈП „Стрежево“-Битола информираат дека освен патеките за скијање, со т.н. „панично осветлување“ осветлени се пристапните патеки и двата паркинзи на ски-центар „Нижо Поле“.

„Снег има и тоа е најважната информација за љубителите на рекреативното скијање, но исто така подготени сме да овозможиме и ноќно скијање. Синоќа ги направивме последните подготовки и тестови за осветлувањето и активирањето на т.н. „панично осветлување“ доколку тоа биде потребно. Двата ски лифта се осветлени со 65 канделабри и тоа е доволно за непречено скијање ноќе“, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 51 контрoлирано возило за јавен превоз 31 испратено на технички преглед

Редакција

Скопјанка пријавила дека тетин се обидел да и ги обљуби двете ќерки

Редакција

Хорор во Аеродром: Четири кучиња-скитници искасале девојка

Редакција