еМагазин
Image default
Македонија

МПЦ: Уште од почеток на пандемијата апелираме да се почитуваат препораките за заштита

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), уште од почетокот на појавата на здравствената криза во нашата земја и во светот, па сѐ до денес, однесувајќи се конструктивно, во сите свои официјални соопштенија постојано апелираше до верниот народ за почитување и придржување кон препораките кои водат кон сузбивање на пандемијата предизвикана од Ковид 19, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

Оттаму велат дека во сиот изминат близок период, значаен од духовен аспект за православните христијани и за црковното живеење, вклучително и последните празнувања, верниот воцрковен народ, иако чувствувајќи ја насушната потреба од духовна храна, особено во вакви времиња, сепак остана послушен на апелите, сметајќи ги како акт на христијанска пожртвуваност и љубов.

-Во овој дух, МПЦ-ОА, уште еднаш истакнува дека ги почитува и се придржува, а во таа насока и го повикува верниот народ кон исполнување на официјалните зададени мерки од страна на Владата и здравствените власти за социјална дистанца и носење соодветни заштитни средства, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

-Пребивајќи во постојана увереност во милоста Божја и чекајќи спасение од Господа (Битие 49, 18), поучени од духовната историја и словото на светите отци, во овој период да ги удвоиме силите и севкупниот напор и кон духовните мерки, односно духовните средства во вакви и слични состојби, придржувајќи ги и применувајќи ги зададените профилактички мерки од страна на одговорните, апелираат од МПЦ-ОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

Литијата пример за двојни аршини: Со кој памет драги стружани?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени ли се 80 пратеници: Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

Редакција

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски „судски покани“ во име на директорот на БЈБ, станува збор за обид за измама

Редакција

(Видео) Сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“ ја шокира Македонија, Обвинителството оформи предмет

Редакција