еМагазин
Image default
Македонија

Министерството за труд и социјална политика до Обвинителство достави кривична пријава за злоупотреби на пензискиот систем

Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери, информираат од Министерството.

„Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб.

За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

Министерството за труд и политика ја исправа неправдата која претходната власт им ја нанела на овие луѓе и им ги враќа парите на граѓаните. За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари.

Лошите и неодговорни политики на претходната власт доведоа до покачување на дефицитот на ПИОМ од 15 милијарди денари. Со цел да се намали овој дефицит Министерството за труд и социјална политика изготви пакет мерки кои стапија на сила од 1 јануари 2019 година. Преку нив се менува структурата на двостолбниот пензиски систем. Целта на МТСП е да обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, и тоа без зголемување на старосната граница или замрзнување на пензиите“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“: „Порано имаше поштари што крадат пензии, сега поштите се „опљачкани“ сосе пензиите“

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои имиња се на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Од Ковид-19 починаа 28 лица, најмногу од Скопје 7

Редакција

Од изолација заболените со Ковид-19 ќе излегуваат без контролните тестови

Редакција