еМагазин
Image default
Локално

Му го удирал БМВ-то пред штаб на политичка партија

На 06.05.2019 година во 01.30 часот во СВР Скопје В.А.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија во с.Волково А.Л.(27) од с.Волково почнал да удира по неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, при што скршил едно стакло, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото , по што А.Л. и Д.Л.(59) почнале агресивно да се однесуваат и кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пронајден починат во домот

Редакција

Загрижувачки настан: Група малолетнички тепале 14-годишно девојче во Скопје

Редакција

Настрадаа 68 овци во крвава сообраќајка кај Маврово

Редакција