еМагазин
Image default
Македонија

Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани, имаат висока температура, но се во добра состојба

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани во болница и тие се во добра здравствена состојба. Имаат стабилна форма на болеста само со висока температура, рече вечерва на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е здравствената состојба на јавните личности кои беа во контакт со Зекири, и каква е неговота состојба и на неговото семејство, Филипче рече дека нема сознанија за други хоспитализирани, освен за Зекири.

„Се тестираат луѓе во таа група, тој кластер. Дел од резултатите беа готови, дел од тие контакти кои Центарот за јавно здравје ги идентифиукуваше, не само за него, туку и за сите други семејства, четири-пет во таа општина, се делумно готови, а дел ќе бидат готови денеска и со тоа ќе се заокружи три четвртини од тој кластер во таа општина“, изјави Филипче.

МИА/Фото: Фејсбук/Зекири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на семејството

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во самоизолација откако имал кратка средба со Мухамед Зекири

Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По нападот на универзитески професор, за советникот на ДУИ, Хусеини се преземаат постапки, вели Заев

Редакција

МВР се оградува од случувањата во ИВЗ

Редакција

Адвокатот на Алими од ДУИ бара јавно извинување од Фатиме Фетаи

Редакција