еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мухамед Зекири и семејството го победија корона вирусот: Низ што поминавме, не му посакувам на најголемиот непријател

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири и неговото семејство го победија корона вирусот, а Зекири на Фејсбук се заблагодари на сите оние што со нив биле во тешки времиња.

„Посебно се заблагодарувам на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на инфективната клиника.

На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе!

Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател!

А, на душебрижниците кои на мене и мојата фамилија ни посакуваа фатален крај ќе им пожелам Господ барем еднаш во нивниот живот да им даде да се почувствуваат како човек. Господ е голем, благодарение на Него АЛХАМДУЛИЛАХ јас и мојата фамилија сега сме живи и здрави и сме си дома – сите заедно и уште посилни од претходно,“ напиша Зекири на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани, имаат висока температура, но се во добра состојба

Фото: Фејсбук/Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

Каков имот пријавил Елвин Вели, новоизбраниот обвинител во Јавното обвинителство

Редакција

МВР објави меѓународна потерница по Шеваљ Муареми, осомничениот водач на групата од Грчец

Редакција