еМагазин
Image default
Македонија

МВР: 102 лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето

Вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето во текот на изминатото деноноќие, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Како што соопшти МВР во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на починати и заболени да расте

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По зголемениот број на заразени од Ковид-19 заседаваше Општинскиот совет за превенција на Струмица

Редакција

Кривичен издаде наредба: Зеќири да биде спроведен со полиција

Редакција

Починаа двајца кумановци заразени со Ковид-19, вкупно 551

Редакција