еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат на шпекулации со кои се шири паника и страв

Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.

„Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери.

Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи.

Министерството за внатрешни работи за последните случаи на исчезнување, кои што се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство.

Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица.

Како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден – статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94%.

Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018 покажуваат дека од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1.876 лица.

Дополнително, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица. МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат не шпекулации со кои се шири паника и страв“, се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Жив си затоа што имаш неквалитетни органи“: Твитер за наводните трговци со органи и сериски убиец во Скопје

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

По исчезнувањето на неколку лица во Скопје: На социјалните мрежи се шири паника за сериски убиец и трговци со органи

„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот јазик и култура роди љубов помеѓу Турчинка и Полјак

Редакција

Денеска треба да продолжи сослушувањето на Димовски во Собранието за случајот Онишченко

Редакција

Измените во Изборниот законик пред избори го загрозува легитимитетот на изборниот процес, сметаат од Транспаренси Интернешнл Македонија

Редакција