еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР го штити возачот на автобусот во кој загинаа 14 лица бидејќи добивал закани по животот

Возачот на автобусот кој пред две недели се преврте на патот Скопје-Тетово при што загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, добива закани по неговиот живот, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за негова заштита како дел од постапката, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој очекува Јавното обвинителство за многу кратко време да каже конкретна причина за несреќата за што се прибрани многу материјали, а се при крај вештачењата.

„Уште работиме во однос на случајот по наредбите што ги добиваме од Јавното обвинителство. Многу материјали се прибрани, вештачењата се при крај и очекувам дека ЈО за многу кратко време ќе излезе со конкретна причина во однос на случувања. Точно е дека возачот има закани по неговиот живот. Има закани и заради тоа преземаме мерки за негова заштита, бидејќи и тоа е дел од таа постапка. Важно е да ги заштитиме сите“, изјави Спасовски.

За несреќата што се случи на 13. месецов Обвинителството најави одлука по обезбедување на сите докази, целокупната релевантна документација, обдукциските протоколи, медицинската документација за повредите на другите патници, извештаите за наредените вештачења, испитувањето на возачот, на патниците во автобусот и на очевидци на настанот.

По наредба на обвинителството детално техничко вештачење на автобусот врши Машинскиот факултет во Скопје, а вешт наод и мислење треба да обезеди и Бирото за судски вештачења.

Од компанијата „Дурмо турс“ сопственик на автобусот е побарана целосна документација за дозволите кои ги поседува за јавен превоз, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти во автобусот, како и податоци за работното време и релациите кои ги поминал возачот на критичниот ден.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сопственикот на „Дурмо турс“ за несреќата за „Телевизија 24“ вели: Веројатно станува збор за здравствен проблем на возачот

Јовески апелираше да не се обвинува возачот на автобусот, додека не заврши истрагата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанецот Тома Фила, кандидат за градоначалник: Ако можеше дедо ми да е градоначалник на Скопје, зошто јас да не сум на Белград

Редакција

МНР го осуди оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција

Од утре дожд и грмежи во попладневните часови

Редакција