еМагазин
Image default
Локално

МВР исконтролирале 49 автобуси во Скопје, 8 имале неисправни кочници

Во вчерашната акција за контрола на автобусите и другите возила од јавниот превоз во Скопје, полицијата исклучила од сообраќај 14 aвтобуси, соопшти МВР.

Од ЈСП Скопје за „Мета“ објаснија дека во таа бројка нема нивни автобуси.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) контролата ја спровело од 8 до 13 часот, при што биле исконтролирани 49 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. Сите биле упатени на вонреден технички преглед, при што биле констатирани вкупно 16 неисправности или недостатоци.

Кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди, додека две возила немале комплетна опрема.

МВР извести дека се преземени 44 мерки, односно 12 барања за поведување прекршочна постапка, 18 прекршочни платни налози, а 14 возила се исклучени од сообраќај.

Како што за „Мета“ објасни Деспина Трајковска – Димова од ЈСП Скопје, во акцијата не биле контролирани нивни автобуси, односно сите од исклучените 14 се од „Макекспрес“ и „Слобода  Превоз“.

МВР по трагичната несреќа кај Ласкарци, која однесе 15 животи, правеше вонредни контроли и во Гостивар, при што исклучи три автобуси. Бројот на исклучени вчера во Скопје е повеќе од четири и пол пати поголем.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Гостивар три автобуси исклучени од сообраќај поради несправни сопирачки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен крадец кој извршил 22 тешки кражби за четири месеци

Редакција

Жена од Гостивар со мали сипаници хоспитализирана на Инфективна клиника

Редакција

ЈСП денеска ги презеде линиите на „Слобода превоз“, кој штрајкува

Редакција