еМагазин
Image default
Локално

МВР: Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Ново Село-Златарево

Министерството за внатрешни работи информира дека е нормализиран сообраќајот за патнички возила на граничниот премин Ново Село-Златарево, кој беше во прекин поради пожар што избувна на бугарска страна, на самиот граничен премин, вчера околу 16 часот.

Товарни возила се уште не се пропуштаат.

Вчера попладне во голем пожар изгоре административната зграда на царинската испостава „Златарево“ на бугарско-македонската граница. За среќа немаше повредени, а беше направена огромна материјална штета.

„Колегите се обиделе да го угасат огнот, но не успеале. Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор. Резултатот е тоа што се гледа“, изјави началникот на Регионална дирекција на гранична полиција во Ќустендил, Васил Митов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж утрово се фрли во Вардар, лошите временски услови ја прекинаа потрагата

Редакција

Изгореа 7.500 лозници во Вевчани

Редакција

Двајца затворски работници од Струмица помогнале да побегне затвореник

Редакција