еМагазин
Image default
ЖИВОТ

МВР објави телефонски броеви за психолошка поддршка на полициските службеници

Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои психолози вработени во Министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства за полесно надминување на справувањето со состојбата со корона вирусот.

Телефонските броеви на кои можат да се јавуваат полициските службеници се 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и тие ќе бидат отворени од 09 до 21 часот, а по потреба и по завршување на овие часови.

„Отворањето на овие телефонски линии се во насока на заштита на менталното здравје на вработените во Министерството, односно на полициските службеници кои секогаш се во првите редови во справување со корона вирусот, лицата кои се во изолација и нивните семејства“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сотирова: Новинарот имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Убава вест: Во Дебар од корона вирусот излекувани 23 лица, седми ден нема новозаразени

Вкупно 711: 48 нови случаи на заболени од коронавирусот, во Куманово 25

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик

Редакција

Државата ќе бара начин како да ги подмири трошоците за лекувањето на Леонид

Редакција

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени

Редакција