еМагазин
Image default
Локално

МВР откри детали за акцијата во Грчец: Бегајќи од полицијата оставиле арсенал оружје

СВР Скопје-Единица за насилен криминал со кривична пријава, до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против З.Љ.(35) и А.Љ.(41) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик, информира МВР.

„На 07.12.2019 околу 05.45 часот, кога на повеќе локации во с.Грчец, меѓу кои и во домовите на пријавените, се извршени претреси врз основа на судска наредба, полициски службеници не ги затекнале пријавените во своите домови.

Притоа, за време на претресите во с.Грчец, полициски службеници, кои го обезбедувале поширокиот периметар во с.Грчец, забележале осум лица, од кои еден од нив имал автоматска пушка. Притоа, дел од тие лица влегле во џип „Либерти“, по што почнале да бегаат со него, но потоа го оставиле возилото и се дале во бегство.

Во оставеното возило биле пронајдени и подигнати автоматска пушка „АК-47“ – Калашников со кал.7.62×39мм, пиштол „Застава М57“ кал.7.62×25 мм и пиштол „Застава М88“ кал.9ммPara. По извршеното вештачење биле утврдени траги од пријавените.

На 26.01.2020 првопријавениот З.Љ. се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров,по што е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување, додека за второпријавениот А.Љ., е распишан централен распис“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу дожд наврна во Прилеп, и денеска врнежи и северен ветер

Редакција

Овчар пронајден мртов во велешко

Редакција

Велешанец пријавил дека некој ја оштетил надгробната плоча од гробот на ќерка му

Редакција