еМагазин
Image default
Локално

МВР: Посебен сообраќаен режим за „Парадата на гордоста“ и маршот „Сведоштво за семејство“

Со почеток во 12.00 часот утре во Скопје ќе се одржат марш „Парада на гордоста“ и „Сведоштво за семејство“ поради кои МВР најави посебен сообраќаен режим.

Првиот марш ќе започне од паркот „Жена борец“ на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, по булевар „ВМРО“ и по булевар „Илинден“ до „Школка“ во Градски Парк.

Исто така, во исто време, ќе се одржи марш „Сведоштво за семејство“. Маршот ќе започне од црквата „Св.Богородица’’ на ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, ул.„Васил Главинов“, булевар „Партизански Одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

„Поради одржување на овие два настани, сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Кочо Рацин, ул.„Кирил и Методиј“, булевар „Св.Климент Охридски“ и другите околни улици.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец наседнал на измама со измислена сообраќајка на Израелец

Редакција

Скопјанец лишен од слобода откако агресивно се однесувал кон полицајци

Редакција

Кривична пријава за штипјанец кој ширел расистички материјал на Фејсбук

Редакција