еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали за пелените кои предизвикаа евакуација

На 19.09.2018 година околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj “1” на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и дека претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец, информира МВР.

Излезено е на местото на настанот при што е констатирана силна непријатна миризба. Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде истата живее со нејзината ќерка и двајца внуци.

Од страна на екипа на АРМ со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. Станот е исчистен од страна на екипа на Комунална хигиена. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за Здравство – Центар за јавно здравје, Дирекција за заштита и спасување и Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

(ВИДЕО) Специјалци ги евакуираа станарите на станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Редакција

66-годишен маж загина во сообраќајка кај Штип, неговата сопатничка тешко повредена

Редакција

Тетовчанец си ја убил сопругата и избегал

Редакција