еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за тепачката на „Рузвелтова“: Тешко повредено едно лице, еден во бегство

На 22.03.2019 година во 17,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу: Ф.Ј.(18) од Визбегово-скопско и Е.Р.(18) од Скопје од една страна и А.К. и И.А.(25) од Скопје од друга страна, информира МВР.

При пресметката бил употребен и нож. Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Редакција

Надминување на вредностите на азотен оксид е регистрирано кај котларата за парно греење во Цементарница Усје, покажува извештајот на Државниот инспекторат за животна средина

Редакција

„Браво за храброста на инспекторов!: Твитерџиите со подршка за Илиевски кој обелодени дека владини функционери незаконски напредувале во академската кариера

Редакција