еМагазин
Image default
Локално

МВР со хеликоптер спасуваше украински параглајдеристи од Галичица

На 09.07.2019 година во 15,10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М. (41) од Украина, информира МВР.

Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата затекла велешанец како краде автомобил и го привела

Редакција

Затворен угостителски објект во Црешево: Приведени 32 лица поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Тепачка со стапови во Облешево, хит на социјалните мрежи

Редакција