еМагазин
Image default
Локално

МВР: За Задушница посебен сообраќаен режим во Скопје

На сообраќајниците околу гробиштата во Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во периодот од 06 до 16 часот поради верскиот празник Задушница.

Возилата кои ќе се движат кон гробиштата Бутел, ќе бидат упатувани по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата „Боца Иванова”, а ќе излегуваат повторно на улицата „Александар Урдаревски”.

Пренасочување на сообраќајот по потреба ќе биде воведен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец нападнал полицаец откако му нашол прашкаста материја

Редакција

28-годишна девојка натепана од две жени во Волково

Редакција

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Редакција