еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е најновиот член на Cashback World куповната заедница која е под капа на myWorld Македонија. Оваа заедничка соработка ќе им овозможи на сите членови на Конфедерацијата да се здобијат со сопствена брендирана Cashback картичка и најдобро шопинг искуство во рамките нанајголемата светска шопинг заедница.

Соработката помеѓу КСС и myWorld Македонија ќе ги стави темелите на едно успешно долгорочно партнерство и всушност има за цел да ги поттикне и останатите организации да го препознаат потенцијалот и заложбите кои ги прави Cashback World лојалната програма за сите свои 14.000.000 клиенти и соработници, овозможувајќи им пристап до 140.000 трговски партнери и неограничен број на предности при секое пазарење за сите свои членови.

Со потпишување на оваа соработка членовите на Конфедерацијата ќе добијат свои КСС Cashback картички со кои ќе уживаат до 5% поврат на средствата од износот на пазарувањето кај било кој трговски партнер на Cashback World брендот во светот, како и можност за собирање на Shopping Points за дополнителни попусти и зделки.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, инаку, е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.

Денес брои вкупно 55.000 членови кои сега ќе можат да ги користат предностите на Cashback World лојалната програма, а основана е уште во 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се поттикне вербата кај работниците и да се врати почитта кон трудот.

Покрај новата соработка со КСС, myWorld Групацијата континуирано склучува соработки со голем број организации, институции и компании и трговски партнери со едноставна цел на своите членови да им понуди многубројни поволности. Листата на партнери и соработници на вбројува и стотици трговски партнери од автомобилската индустрија, градежништво, спорт, мебел и домаќинство и многу други.

Целосната листа на партнери и соработници на Cashback World брендот во Македонија можете да ги погледнете на официјалната веб страна: www.cashbackworld.com/mk, a корпоративниот меѓународен вебсајт на myWorld Групацијата е corporate.myworld.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влатко Палчевски: Пантелеон ГС e компанија која обединува талентирани млади луѓе кои од земјава работат за американскиот пазар!

Редакција

Убава вест: Пронајдено малолетното девојче од кочанско Оризари што беше пријавено за исчезнато

Редакција

Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот самит „Македонија 2025“

Редакција