еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МЗ: Македонскиот државјанин заразен со корона вирусот е во добра и стабилна состојба

Докторката Гордана Кузмановска денеска информираше дека заболениот македонски државјанин со коронавирусот на бродот во Јокохама, Јапонија е во добра здравствена состојба.

„Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше д-р Кузмановска.

Кузмановска додаде дека Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација (СЗО) и дека целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот.

„Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава,“ додаде Кузмановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Потврден коронавирус кај еден од нашите државјани на бродот во Јокохама

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Редакција

Вчера аплицирани 11.695 вакцини, ревакцинирани се вкупно 267.106 граѓани

Редакција

Во февруари или март Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент

Редакција