еМагазин
Image default
Бизнис

МЖ Инфраструктура со објаснување зошто се нашла на Листата на должници на УЈП

Причина за даночниот долг врз основа на ДДВ на ЈП МЖ Инфраструктура кон Управата за јавни приходи (УЈП) е неможноста на МЖ Транспорт АД Скопје редовно да ги сервисира долговите врз основа на издадени фактури за надомест за пристап кон железничката инфраструктура, кој на 31 јануари годинава изнесува 143 милиони денари, т.е. 2,3 милиони евра, соопшти ЈП МЖ Инфраструктура во објаснување на причините поради кои фигурира на листата на должници врз основа на ДДВ на Управата за јавни приходи (УЈП).

Заради извршениот промет кон МЖ Транспорт АД Скопје, стои во соопштението, ЈП МЖ Инфраструктура е должен да плати ДДВ врз база на издадените фактури.

Со оглед на тоа што МЖ Транспорт не ги плаќа редовно и целосно фактурите, нормално е дека и ЈП МЖ Инфраструктура не е во можност да ја плаќа редовно и целосно обврската за даночен долг врз основа на ДДВ кон УЈП.

– За таа цел помеѓу ЈП МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт АД Скопје е склучен Договор за преземање на даночниот долг врз основа на ДДВ, а согласно со член 443 од Законот за облигациски односи со кој МЖ Транспорт како преземач на долгот врз основа на ДДВ на ЈП МЖ Инфраструктура ќе ѝ го исплатува даночниот долг кон УЈП континуирано и сукцесивно од нивните месечни побарување врз основа на повеќе платен ДДВ.

Тоа значи дека даночниот долг врз основа на ДДВ  на ЈП МЖ Инфраструктура согласно со овој договор е преземен од страна на МЖ Транспорт кои континуирано и месечно го намируваат, појаснуваат од ЈП МЖ Транспорт Инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Листа должници на УЈП: Познати бизнисмени, фудбалски клубови и општини должат милиони неплатен данок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои акции од берзата имале најголем пораст и пад на вредноста во јануари?

Редакција

Лимони има, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Редакција

Владата распиша тендер од 2,6 милиони евра, за физичко обезбедување на објекти

Редакција