еМагазин
Image default
Македонија

Министерство за животна средина: Набавуваме телефонска централа, опремата не е за прислушување разговори

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека е во процедура на набавка на телефонска централа, за што е склучен договор со Македонски Телеком АД Скопје, и истакнува дека опремата која ќе биде набавена ќе се користи за планираниот контакт центар каде ќе се пријавуваат загадувачи, но оти никако не претставува специјализирана опрема за снимање и прислушкување на телефонски разговори.

– Телефонската централа која треба да се набави има вграден хард диск кој што служи за зачувување на потребните конфигурациски фајлови и системски пораки како дојдовни пораки, пораки за говорно сандаче и сл., а за да биде активирана споменатата услуга за снимање на разговори, потребно е претходно да биде активирана лиценца за снимање на разговори. Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање има предвидено да отвори Контакт центар, каде што граѓаните ќе имаат можност да пријават загадувач и за чија цел ќе биде набавена и потоа активирана лиценца со помош на која телефонската централа ќе има можност за снимање, стои во соопштението.

Снимањето, информира МЖСПП, ќе биде на само еден говорен канал (телефонската линија на контакт центарот). Тоа е се користи заради подобрување на квалитетот на услугите према граѓаните, додека работењето на контакт центарот ќе биде во согласност со националната легислатива и законот за заштита на лични податоци.

– Снимањето на телефонските разговори е стандардна функционалност на сите нови телефонски централи од сите реномирани производители и секако опремата која ќе биде набавена никако не претставува специјализирана опрема за снимање и прислушување телефонски разговори, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор поради помагање во убиството на Пино

Редакција

Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието

Редакција

(Видео) Адвокатот Менкиновски: Белешката на АНБ е единствениот доказ за притворање на Камчев, а не сме ја виделе

Редакција