На пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам за седум дена му биле направени две операции, објави весникот Вечер.
При вториот зафат, ампутирана му е десната нога до потколеницата.
Во изјава за Вечер, Бајрам вели дека сега закрепнува во домашна атмосфера.
Првата операција се случила минатиот месец, на хируршките клиники во Скопје, а втората во болницата Жан Митрев.
„Јас сум секогаш оптимист, но шеќерот си го направи своето“, вели тој.
Фото: ТВ1
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.