еМагазин
Image default
Бизнис

На бизнис-заедницата и „олесна“ со одложувањето на прогресивното оданочување

Денеска, четирите стопански комори, потписници на Платформата за јавно-приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија официјален допис до Министерството за финансии со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.

„Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашните претпријатија и организираа две фокус групи по однос на ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија. Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Согласно направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање“, велат од таму.

Тие бараат одложување на оваа даночна реформа за пет години. Од таму сметаат дека прагот за кој даночните обврзници се спремни да ги плаќаат даноците е прилично низок и зголемување на стапките ќе предизвика дестимулирачки ефект во економијата или со други зборови ќе ја поттикне даночната евазија.

„Подобро е со постоечките механизми да се поттикнат економските оператори да не прават затајување на данок, односно да ги плаќаат сите даноци, наместо да манипулираат со средствата“, се вели во Позициониот документ изработен од страна на коморите.

Во него исто така се вели дека прогресивното оданочување е повеќе карактеристика кај развиените земји како во поглед на економијата така и во поглед на институциите надлежни за спроведување на даночната политика.

„Во ситуација кога државата сака да иницира прогресивен персонален данок, треба да даде предлог и за соодветно распределување на бенефициите (здравствен систем, образование, животна средина и друго) кои државните органи им ги даваат на граѓаните“, се вели во документот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид за шест месеци има раст на нето-добивката од 11%, а на извозот од 20%

Редакција

Дијаспората може да инвестира во македонските компании и да придонесе за економскиот раст, вели Костадиновски

Редакција

Рудници Бањани во првото полугодие со добивка

Редакција