еМагазин
Image default
Македонија

ЛДП избра нови потпретседатели

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на Централниот одбор на Либерално демократската партија (ЛДП) која се одржа во хотелот Hilton Double Three во Скопје.

Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислуваме различно, либерално кон Европа“.

„Слобода, еднавкост, правда. Ова се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија. Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува“, потенцира Горан Милевски, претседател на Либерално демократската партија.

Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата.

„Со размислуваме различно, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа“, истакна новата потпреседателка на ЛДП, Моника Зајкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По зголемениот број на заразени од Ковид-19 заседаваше Општинскиот совет за превенција на Струмица

Редакција

Османи потврди дека сопругата на пратеникот Костовски е вработена во МВР

Редакција

За една недела 31 деца на возраст до 9 години заболеле со Ковид-19

Редакција