еМагазин
Image default
Македонија

Најчитано на еМагазин во 2019: Ќе открие ли Боки 13 навистина каде се парите и кој е организаторот и помагачите во „Рекет„?

Во серијал еМагазин ќе Ве потсети што на нашиот медиум најмногу се читаше измината година.

Информациите околу случајот „Рекет“, кој ја обележа измината година дефинитивно предизвика најголем интерес кај јавноста и кај нашите читатели, а информацијата за стартот на судењето е една од најчитаните стории:

Драматичен старт на долгоочекуваното судење за „Рекет“. Истото почна со задоцнување, поради здравствените проблеми на првообвинетиот Бојан Јовановски или Боки 13, на кој му дадоа дијазапам за да може да го следи.

Здравствената состојба на Боки 13, за која има многу дебати на социјалните мрежи, сепак падна во сенка по неговата најава дека во текот на судењето ќе го открие организаторот и сите помагачи, но и дека снимка од камерата од домот на неговите родители ќе покаже во чии раце завршила фамозната торба „Луј Витон“ со парите.

Јавноста се уште чека одговор за тоа каде се 1,5 милиони евра „изрекетирани“ од бизнисменот Орце Камчев, а и нема дилема, уште кога беше уапсен Боки 13 ретко кој веруваше дека тој е главниот „играч“ во „Рекет“.

Дали навистина Боки 13, кој вели дека е невин, ќе открие нешто што не знаеме или ќе ги потврди шпекулациите за инволвираност и на други функционери во „Рекет“ (освен обвинетата, поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева) или оваа негова најава е само дел од „шоуто“ кое ќе следи на понатамошниот дел од судењето, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчитано на еМагазин во 2019: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Најчитано на еМагазин во 2019: Монасите од Бигорски ги спасија жителите на Гари од снежната блокада

Фото: Боки 13/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царовска без конкретен одговор дали ставот на Ахмети ќе влијае на односите во коалицијата

Редакција

Пожарот во Раовиќ се уште активен, во Горно Мелничани утре поопширна акција

Редакција

Зоран Милески Кичеец ќе лежи затвор во Струга

Редакција