еМагазин
Image default
Македонија

Најдени сите пари „изрекетирани“ во “Рекет“?

Јавната обвинителка Вилма Русковска, која го води случајот “Рекет“ синоќа изјави дека се најдени парите кои биле „изрекетирани“ во овој мега скандал. Тие биле пуштени во промет.

Од нејзината изјава е нејасно дали станува збор за првиот дел од случајот кој се однесува на бизнисменот Орце Камчев, кој е жртва-сведок или на вториот дел, кој се однесува на Меѓународниот сојуз на Боки 13, првоосомничен во “Рекет“.

„Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе официјално барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде… Парите биле пуштени во промет затоа ќе има обвинение за перење пари“, изјави Русковска, која денеска треба да покрене обвинение за „Рекет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Можни ли се нови „сочни бомби“ по кулминацијата на случајот „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Сенароден собир на МПЦ-ОА

Редакција

Барањето за екстрадација на Палевски од Турција е испратено

Редакција

(Видео) Џафери до Апасиев: Не ми мафтај со прстот, оти може да ти биде скршен

Редакција