еМагазин
Image default
Македонија

На Деве Баир поминале 300 граѓани, од најавениот конвој од 200 лица, пристигнале само десетина

На граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот и денешниот ден влегле вкупно 300 македонски државјани и сите потпишале изјава за самоизолација, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

Оттаму посочуваат дека во текот на вчерашниот ден и целото деноноќие преку Деве Баир влегле 250 наши државјани, а денеска до 14 часот дошле 50 наши граѓани.

Најавениот конвој што вчера се очекуваше да пристигне и околу 200 граѓани со автобуси да се сместат во карантин во Пепелиште, велат, не пристигнал.

Единствено пристигнала група музичари жители на Битола и Струмица, кои допатувале од Австрија. Групата од десетмина луѓе е сместена во Пепелиште.

Од ПС за гранична проверка РЦ Исток информираат дека сите граѓани кои влегуваат во државата се анкетирани од страна на епидемиолошка служба, им се врши проверка на температура и сите задолжително потполнуваат изјава за самоизолација од 14 дена.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Патниците од Пепелиште ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија

(Фото) Мерка за почит: Маркетите „Гранап“ со подни знаци против корона вирусот

Скринизи за рано откривање на корона вирусот освен во Дебар и Струга, можно е да се прават и на граѓани во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 103 случаи на Ковид-19, најмногу во Куманово и Гостивар

Редакција

Веб страната за вакцинанција против Ковид-19 достапна и на албански јазик

Редакција

Нови 1.037 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција