еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Најдоброто од Македонија ја „крчка“ Бушава азбука 2

Една од најпознатите македонски актерки и професорка Синоличка Трпкова на својот фејсбук профил објави фотографии од екипата која работи на Бушавиот буквар, новиот серијал продолжение на култната емисија Бушава азбука со која израснаа и се описменија генрации македонски граѓани.

Слободан Унковски, Ѓорче Ставрески, Трпкова и Марјан Алчевски се дрим-тимот што работи на новиот серијал.

За Унковски не се потребни многу зборови со оглед на неговата успешна режисерска кариера, Ставрески освои десетици награди на фестивалите ширум светот со играниот филм „Исцелител“, а Алчевски стана препознатлив откако победи на конкурсот на ХБО за сценарио за играна серија која веќе се емитува под насловот „Успех“.

„Способноста да ја артикулираш мислата, идејата, иновативноста, фантазијата, науката во најголем дел зависи од писменоста. До каде и како ќе дофрлиш со јазикот зависи од моќта на артикулацијата на купот зборови во твојата глава. Нема напредок без писменост.

Двигатели на промените биле просветителите и оние што умееле да го користат јазикот за да допрат до нас. Критичката мисла е производ на пишувањето и читањето. Првото ти помага активно да го средиш текот на мислите, а второто да ги акумулираш.

Образованието, генерално, го занемари овој факт. Медиумите станаа папагалски повторувачи на погрешни фрази и напамет научени изрази. Нема никаква образовна, програмска стратегија за поттик на мислење и говорење на мајчин јазик, на која било тема. Јазикот е нашата лична карта и живо културно наследство, како доказ дека постоиме. Нема напредок на држава во којашто нема солидно и стратешки поддржано описменување на младите.

Медиумскиот простор денес може да биде најефикасната училница што може да ги собере сите ученици, без исклучок. Идејата на Бушавиот буквар (Бушава азбука 2) е да биде една таква, виртуелна училница, во која секогаш ќе има место за сите оние што ќе посакаат да учат и да се забавуваат.

Должни сме да го понудиме тоа, не само како професори, туку и како уметници што раснеле и твореле на овие простори. (фотографии како мигови на смисла, во време на бесмислености)“, напиша Трпкова.

Фото: Фејсбук/Синоличка Трпкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 913 случаи на Ковид-19 од 3.707 тестирања, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани е 109.262

Редакција

Бројката на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се зголеми на околу 5.000

Редакција

Бројот на загинати од земјотресите во Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.660 се странски државјани

Редакција