еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

На избеганиот Груевски за сега му плаќаме 4 адвокати и му даваме пратеничка плата

Додека по речиси месец и пол, уште чекаме од властите да ни кажат како избега поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, сега политички азилант во Унгарија, не само во Будимпешта, туку и во Македонија, тој се уште троши наши пари.

Вчера на рочиштето за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), беше соопштено дека неговите адвокати и за овој случај го откажале полномошното, па повторно доби адвокат по службена должност.

Пред неколку дена од државата доби и адвокат за случајот „ТНТ“ на СЈО, кој ќе го плаќаме за 1.500 денари од рочиште за кривична постапка, а пред извесно време, адвокати од државата доби и за случајот „Титаник“ и „Насилство во Општина Центар“ и двата на СЈО.

Тој се уште добива и пратеничка плата.

Неодамна претседателот на Собранието, Талат Џафери, кажа дека се додека има мандат ќе му биде исплаќана плата, која ќе се намалува за пет отсто со секое отсуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

40 дена штама за бегството на Груевски

Твитер „збесна“ за синусите на Александар Трајковски: „Д-р Груевски врши преглед на простата секој вторник и четврток“

Шефот на унгарската дипломатија за „Ле Монд“: Го транспортиравме Груевски од Тирана до Будимпешта од безбедносни причини

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓани продолжуваат да протестираат пред Собранието против „францускиот предлог„

Редакција

„Сериозни ли се со мебелов, абе парите кај се?! “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева

Редакција

Одлична вест: Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери

Редакција