еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Инфективна клиника капацитетот е речиси исполнет, на помош пристигаат здравствени работници од неколку градови

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19,“ се вели во соопштението.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев на својот фејсбук-профил напиша дека на Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата.

Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“.

Во овие две јавни здравствени установи приемот на заболени од Ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети.

„Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги,“ напиша Милошев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум медицински лица од Кочани ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје

Бројката надмина 4.000: Нови 162 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 92

Починаа девет нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 188

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека сите очи се вперени во Ципрас: Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство

Редакција

(Видео) „Добредојдовте драги браќа!“: Српскиот патријарх Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан

Редакција

Грција почна да издава дигитален сертификат за вакцинација против Ковид-19

Редакција