еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Клиниката за кардиологија член на резервен тим со симптоми на корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека на Клиниката за кардиологијата, член на резервен тим, бил со симптоми на корона вирусот.

Тоа било утврдено во ангио салата каде нема лежечки пациенти, туку интервенции на срце. Контактот со пациентите е таков што лекарите се заштитени.

Филипче најави дека случајот детално ќе се испита и ако се установи дека се појавил на работа, свесен со симптоми, ќе има најстроги санкции.

Министерот додаде дека Клиниката за кардиологија функционира нормално со друг тим на лекари.

Системот на ротација кај сите клиники е подготвен и функционира.

Во однос на бројката на заболени здравствени работници, рече дека добар дел од нив не биле свесни дека имаат контакт со заболен. Како пример ја посочи Клиниката за инфективни болести, каде што нема заболен лекар.

Филипче рече дека имаме спремен медицински персонал и доколку дојде до зголемување на бројот на пациенти. Тој додаде дека се црпат големи искуства од Македонци во Италија, мерки, терапевтски пристап, дилеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради коронавирусот ќе останеме без кондоми

(ВИДЕО) Снимки од дрон за ужасот на коронавирусот од Будимпешта до Рио де Женеиро

Вработен во ЈСП Скопје заразен со корона вирусот

Од коронавирусот може да починат околу 1,8 милиони луѓе во светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од обработени 13%, според ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов

Редакција

Антикорупциска: Барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели

Редакција

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје еднаш во две до пет години

Редакција