На социјалните мрежи и во јавноста не стивнуваат реакциите за пресудите за настаните во македонското Собрание од 27. април, 2017 година.
Реакциите се различни, а Ви пренесуваме што мислат твитерџиите:
Груевски со изјава од Будимпешта и порака до 16те обвинети кои добија 211 години робија: " Македонија е вечна, не потклекнувајте во борбата. Турците беа овде 500 години, ги издржавме, ќе издржите и вие 211 години во затвор, ама каузата ќе остане. Да живее ВМРО-ДПМНЕ" ! pic.twitter.com/lEHIH76bNv
— Baze Lazevski (@BazeLazevski) March 15, 2019
наравоучение на денот: ниедно добро дело не поминува неказнето
— Girl With Mousy Hair (@kalakurnica) March 15, 2019
Никола Груевски: Со голема жал и тага ја примив веста за затворските казни за 27 април. Многу тешко ми паѓа да ги следам овие процеси. pic.twitter.com/HMhmdF91tt
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) March 15, 2019
Крсто и компанија да не ги отвореа вратите, тешко дека овие што си добија по 10-15 години затвор ќе влезеа внатре. Така да со случајов се потврди дека во Македонија само пионите го јадат.
— Man (@Goran_Man) March 16, 2019
На колку е осуден Муковски?
– На 210 тендери!— Исцелителoт™ (@Iscelitelot) March 16, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чавков на Фејсбук: Казната е драконска, вилата на Халкидики ако ја најдете ја поклонувам
Осудените за „27 април“ во притвор
Фото: Фејсбук/Муковски