еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Во неодостаток на официјални информации од македонските власти, кои до сега потврдија само дека поранешниот премиер Никола Груевски е избеган во Будимпешта, Унгарија, бројот на шпекулации за тоа како избегал и кој се му помагал во бегството се зголемува од минута во минута.

Фалат информации и од унгарските власти, а во „небрано“ се најдоа и околните држави во регионов, по кои според тоа што го соопштија албанските и црногорските власти (да не заборавиме и дека двете земји се членки на НАТО), Груевски се „прошетал“ илегално, со трет пасош или со лична карта пред да стигне до Унгарија.

Од онаа што информираа од албанските институции излегува дека Груевски бил во Албанија, а земјата ја напуштил со лична карта во возило на унгарската Амбасада во Тирана, влегувајќи во Црна Гора. Нема официјална информација како влегол во земјата.

Унгарците пак не потврдија дека Груевски излегол од Албанија со нивно возило.

Дека бил на територијата и на Црна Гора, потврдија и црногорските власти, кои соопштија дека Груевски на 11 ноември влегол и излегол од нивната земја.

Претходно Албанија како дестинација ја посочи српска „Политика“, но го утна делот дека Груевски летал со авион од Тирана со компанијата „Малев“, која не работи од 2012 година.

Според албанските медиуми Груевски во Албанија влегол нелагално, а од Црна Гора, понатаму продолжил кон Србија, од каде влегол во Унгарија.

Интересен момент е дека од српските власти до сега нема никаква информација дали Груевски ја користел нивната територија за да стигне до Унгарија и покрај повикот од опозицијата до власта да одговори за тоа и бројните шпекулации по медиумите.

Целава оваа ситуација уште повеќе ја храни една од бројните тези, дека Груевски е „пуштен“ да избега, а дека во целава „операција“ се вмешани најмалку две држави.

Како што тргнала работава, на крај, најверојатно Груевски како што сам ни соопшти дека е во Будимпешта, исто така на Фејсбук и ќе ни раскаже детално како успеал да избега и кои му се следните планови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подгорица официјално потврди: Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Црна Гора

(ВИДЕО) Шешељ: Груевски преку Србија премина во Унгарија, српски четници го обезбедуваа се до Хоргош

Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР „загрижено“, оти Македонија донесе закон со кој забранува здруженија да користат имиња поврзани со фашизмот

Редакција

(Видео) „Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

Редакција

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за паднатата фасада на „МЕПСО“

Редакција