еМагазин
Image default
Локално

На лажен адвокат му платила 26.900 евра

На 28.02.2019 во 09.40 часот во СВР Струмица, Б.Д.(61) од село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“ против лицето К.Л.(31) од Скопје, а престојувал во Струмица, информира МВР.

Според пријавеното, во 2015, К.Л. се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна близина на село Баница, општина Струмица.

За таа намена, во повеќе наврати во 2015 и 2016, таа му исплатила надомест од 26.900 евра. После ова, до денот на пријавувањето, К.Л. не и обезбедил земјоделско земјиште, а од парите и вратил само 3.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Р.Д му удрил шише во глава на сопственикот на кафулето „Илужн“ во Штип

Редакција

Му го украле „Аудито“ од Рузвелтова: Го оставил да работи дури пропазари

Редакција

Тело на 34-годишен маж пронајдено во канал во Марино

Редакција