еМагазин
Свет

Најмалку 35 загинати по уривањето на надвозникот во Џенова

Бројот на загинати при уривање на надвозникот во Џенова се искачи на 35, а повредени се 16 лица. Помеѓу загинати има и три деца на седум, 12 и 13 години, соопшти италијанската полиција.

Пожарникарите и спасувачките екипи цела ноќ ги расчистуваа урнатините и трагаа по преживеани лица.

Надвозникот, дел од автопатот А10, се урна по силната бура пропратена со громови.

Надвозникот бил изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Песочна бура предизвика верижен судар на 42 возила кај Будимпешта, 19 возила изгореа, 26 лица се повредени

Редакција

Богатството на Трамп се „топи“ поради Ковид-19

Редакција

(Видео) Протести низ Кина поради ограничувањата за Ковид-19

Редакција