еМагазин
Image default
Свет

Најмалку 80 возила опожарени во западна Шведска

Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.

– Имавме период со големи пожари, но во една иста вечер за толку кратко време да има пожар на многу различни места, не памтам такво нешто, изјави портпаролката на полицијата во западна Шведска, Ула Брем.

Полицијата претпоставува дека акцијата најверојатно била координирана преку социјалните мрежи.

Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.

Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења.

Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека е „навистина лут“ и оти „општеството треба решително да реагира“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што беше добро во светот во 2022 година

Редакција

11-годишна атлетичарка од Филипини немала за патики, па ставила фластери на нозете на кое го нацртала логото на „најк“

Редакција

(Видео) „Време е да се преселите во Русија, зимата доаѓа“: Контроверзна кампања хит на социјалните мрежи

Редакција