еМагазин
Image default
Македонија

Најниска температура во јануари измерена во Берово, а највисоката во Гевгелија

Постудено од вообичаено, со минимални температури под нулата, и со траење од над 20 дена, како и со натпросечни количества врнежи, односно екстремно влажно време било во минатиот месец, се наведува во прегледот на температурите на воздухот и количествата врнежи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средната месечна температура варирала од – 3,8 степени во Маврово до 3 степени во Гевгелија,  и е пониска за – 1,8 степени во однос на повеќегодишните јануарски средномесечни температурни вредности. Највисока максимална температура била 15 степени, измерена на 24 јануари во Гевгелија,  а најниската максимална 6,4 степени  на 17 јануари во Маврово.

Како што соопштува УХМР, ниски температури под нулата температури се регистрирани на целата територија на Македонија. Најниска минимална температура од – 21 степен на 8 јануари е измерена во Берово и била седум степени повисока од најниската апсолутна, додека највисоката минимална од – 7,4 степени е измерена на 14-ти во Гевгелија.

Во текот на јануари на територијатаија на Македонија имало и ледени денови, кога максималната температура во текот на целиот ден е под нулата, Најмногу ледени денови, 16, имало во Маврово, а најмалку, еден ден, во Гевгелија.

Во јануари врнежите се временски слично распоредени на целата територија на Македонија и најинтензивни се во третата декада од месецот, на 26.

Во Гевгелија, Демир Капија и Струмица се надминати апсолутно максималните дневни вренежи измерени во (1961-90). Врнежите биле од дожд, снег и замрзнат дожд.

Месечната сума на врнежи варирала од 46,2 мм во Скопје Зајчев Рид до 202 мм во Гевгелија.

Месечната сума од 202 мм е трета по големина во периодот 1981/2010 во јануари, по 273 мм и 257 мм во Лазарополе во 1987 година и Маврово во 2003 година.

Максималната акомулирана дневна сума на вода од 88,6 мм била регистрирна во Демир Капија на 26-ти, поголема за 12 мм од апсолутно максималната (1961-1990).

Споредно со јануарската многугодишна просечна вредност од 1981 измерената јануарска средна месечна сума на врнежи била 70 мм над просечната, за 157 проценти поголема од просечното ново на држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25,1% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград, не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија, вели Вучиќ

Редакција

Апликацијата за следење на лицата кои имале контакти со заразени ќе се активира следната недела

Редакција