еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најнови податоци од ДИК: Излезноста 41.85%, Пендаровски освоил 323.892, Силјановска 319.364, а Река 79.921 гласови

На вчерашните претседателски избори од запишаните 1.808.131 гласач, своето право го оствариле 755.816, односно излезеноста била 41.85 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Во Заклучокот за објавување на конечните резултати од првиот круг на гласање за претседател на Републиката, што ДИК го разгледува денеска на седница, е наведен и бројот на гласови што ги освоил секој од тројцата кандидати, учесници во изборната трка. Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас.

-Според членот 120 од Изборниот законик ДИК утврди дека ниту еден од тројцата кандидати не го добил потребниот број гласови за да биде избран за претседател на Републиката, а според членот 121 став 1 од Изборниот законик во вториот круг ќе се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови односно за Стево Пенадровски и за Горана Силјановска-Давкова, рече на седницата претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

На седницата на Комисијата ќе се разгледува и одлучува по службена должност за гласање на избирачкото место 2564 во Ѓорче Петров и по приговорот за заштита на избирачкото право за ИМ 0006 во Берово.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

„Тепачка“ за гласовите на Блерим Река

Твитер „збесна“ за изборите: „За прв пат Бојкотирам и ДУИ се на иста линија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението: За еврокомесарот Вархеји проблемот е решен

Редакција

Вкупно до сега 4.478: Починаа 35 лица од Ковид-19

Редакција

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со 5 евра

Редакција