еМагазин
Image default
Македонија

На огласот за претседател на државата на СДСМ се јавил само Ѓорги Филипов

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска изјави дека согласно постапката денеска завршува огласот за  самокандидирање. Постапката, потсети, финишира на 3-ти март со Конгресот на партијата, а досега со самокандидирање има пријавено еден кандидат кој е добро познат на јавноста.

Станува збор за поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов.

На прашањето зошто самокандидирање, и дали е тоа контрадикторно со обидите за изнаоѓање консензуален кандидат, Костадинов потенцира дека во целиот процес мора да има и самокандидирање.

– Можеби дел од пријавените кандидати ќе произлезат како заеднички кандидат на повеќето политички партии, рече портпаролот на СДСМ.

Прашан кој друг има право да предложи претседателски кандидат, Костадинов нагласи дека согласно постапката тоа право го имаат и општинските организации.

На денот на Конгресот на партијата неможе да се предлагаат претседателски кандидати, постапката трае до 3-ти март. На Конгресот веќе се утврдува, а очекуваме, истакна, дека ќе се изгради став за настап со заеднички кандидат.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска во Клубот на пратеници со средби со претседателите на ДПА и на „Алтернатива“, Мендух Тачи и Африм Гаши ги продолжува консултациите околу можностите за заеднички кандидат на престстојните претседателски избори.

Заев вчера имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а се очекува во наредните денови да разговара со лидери и на други партии од и надвор од владината коалиција.

МИА/еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ѓорги Филипов, еден од кандидатите за претседател на државата од СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Редакција

МВР трага по Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, кој доби 30 дена притвор

Редакција

Обид за убиство на јавен обвинител во Чегране, Гостиварско: Нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот

Редакција