еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Најопасен е увезениот „отпад на тркала“

За речиси 50.000 се зголемил бројот на регистрирани возила во Македонија во периодот 2014-2018 година од кои дури 43.000 се патнички автомобили, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Истовремено, од вкупниот број возила дури 269.000 се произведени пред 2002 година или се постари од 18 години.

Овие податоци покажуваат дека во изминатиов период има драстичен увоз на „олдтајмери“ од европските земји во Македонија.

Станува збор за амортизирани возила или своевиден отпад на тркала кои освен што загадуваат претставуваат и опасност во сообраќајот.

Затоа, неизбежно се наметнува прашањето колку е оправдан протестот на увозниците на употребувани или таканаречени половни возила за новата регулатива според која давачките за увоз се детерминираат и врз еколошките перформанси.

Имено, за возилата што повеќе загадуваат или постарите возила ќе се плаќаат повисоки давачки, што мора да се прифати како позитивна мерка со оглед на тоа што во земјава над 3.000 лица годишно умираат поради загадувањето на воздухот.

Истовремено, никој не им забранува на увозниците на половни возила да го снабдуваат пазарот со автомобили и товарни возила кои се произведени барем во изминатава седум-осум години и кои ги задоволуваат еколошките стандарди, а кои се сепак многу поевтини отколку новите возила од салон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Колкави ќе бидат давачките за увоз на стари возила, што предвидува новиот Закон за данок на моторни возила

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Бронза за Трајковски од „Макпетрол“ на Светските боречки игри

Редакција

Пратеникот Рашиди поднесе оставка, стана директор на МЕПСО

Редакција